Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Cost-benefit analiza (makedonski)". Rad ima 8 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.

Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.

Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.

Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.

 



Вовед

Основна и примарна цел на секој стопански субјект претставува остварување на позитивен финансиски резултат, како и негово максимизирање на долг рок. Деловниот резултат претставува нето вредносен израз што се добива со свесно комбинирање на неговите елементи од страна на управувачката структура на претпријатието. Основни еелементи на деловниот резултат се приходите, во улога на позитивна компонента, од една страна, и трошоците како негативна компонента од друга страна. Во врска со тоа, пооделни чинители на приходите и трошоците меѓусебно се условени. Според тоа, управувањето со деловниот резултат претпоставува внимателна cost-benefit анализа при процесот на донесување одлуки, како и внимателно планирање и контрола од страна на менаџментот на претпријатието.

Основен концепт во изградбата на сметководството на менаџментот е претпоставката која се заснова врз пресметка по принципот cost-benefit. Најадекватен инструмент за предвидување на релациите трошоци-обем на производство-приходи претставува графиконот на рентабилност (break even analysis). Графиконот на рентабилност, како модел на деловно одлучување се заснова врз утврдување на т.н break even point (преломна точка, праг на рентабилност).

Менаџерите мораат да ги предвидат ефектите од порастот на трошоците, производството, приходите па ако тие донесат неточни претпоставки истите водат кон несакани последици од финансиски карактер. Меѓутоа иако графиконот на рентабилноста се засновува понекогаш на нереални претпоставки, откако е лансиран па се до денес станува се попопуларен и неговата примена е се поголема поради фактот што се пронајдени некои методолошки решенија за корегирање на евентуално проценети нереални претпоставки.

1. Cost-benefit анализа – поим, суштина и примена

Cost-benefit анализата претставува:

Дисциплина која се употребува да се процени определен проект, предлог, зафат, инвестиција

Неформален приод за донесување одлуки во претпријатието од секаков вид

Според овие дефиниции, cost-benefit анализата вклучува мерење на вкупните очекувани трошоци наспрема вкупните очекувани корисности,ефекти од една или повеќе акции, со цел да се одбере најдобрата опдносно најпрофитабилната опција. Карактеристично за cost-benefit анализата е дека вкупните ефекти и вкупните трошоци се изразени во парични вредности, што значи вкупните текови на ефекти и вкупните текови на трошоци се изразени како сегашни вредности. Оваа анализа експлицитно е дизајнирана за да даде информации за практичното донесување одлуки од страна на менаџерите и инвеститорите.

Анализата вклучува парична вредност на иницијалните и тековните расходи, трошоци вс. Очекуваниот повраток. Конструирањето на веројатните мерења на трошоците и ефектите на специфични акции честопати е многу тешко. Во пракса, cost-benefit анализата се труди да ги пресмета трошоците и ефектите посебно, со користење на мерни методи или со донесување на залучоци преку пазарните однесувања. На пример, менџерот за производство може да направи споредба помеѓу сметководствените и маркетинг трошоците за да ја проектира, предвиди продажбата на определен производ, и врз основа на тоа да донесе одлука да се произведува истиот доколку очекува приходите да ги надминат расходите.

Нареден предизвик на cost-benefit анализата е детерминирањето кои трошоци треба да се вклучат во анализата. Ова е особено контраверзно како претпријатијата ќе знаат кои трошоци би требало да ги вклучат а кои да ги исклучат од анализата.

...

 

-----------------------OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU.--------------------------------------   

www.maturskiradovi.net

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL:

maturskiradovi.net@gmail.com

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!